April 11, 2021 11:55
Свет

Во Бреша фрлени молотови коктели врз центар за вакцинација

Непознати лица фрлија рано утрово во Бреша фрлија два молотови коктели и делумно го оштетија центарот за вакцинација, шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на Ковид-19, јави весникот „Ил Фато Котидијано”.

Локалната полиција соопшти дека избувнал пожар, но нема повредени. Предизвикана е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓа медицинскиот материјал.

Засега не е позната причината за нападот, ниту кој го извршил.

Весникот потсетува дека пред две недели, сличен напад со фрлање запаливи шишиња, беше извршен на влезот во Вишиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита.

 

Your Lie in April Episode 22 at KissAnime promare kissanime

Naruto: Shippuden (Dub) Episode 500 at AnimeFreak animefreak hunter x hunter

AnimeFreak