August 10, 2020 05:11
Балкан

Во БиХ 263 нови случаи на коронавирус

Во Босна и Херцеговина денеска се пријавени 263 нови случаи на коронавирус, што е околу педесет помалку од просекот оваа недела.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се два смртни случаи.

Вкупниот број на заразени лица во БиХ од почетокот на епидемијата до сега е над 10.000, а 285 лица починаа поради здравствени компликации.