October 13, 2019 23:51
Свет

Во БиХ убиен мигрант

Едно лице за кое постои сомнеж дека е мигрант починало утрово во село во близина на градот Билеќа, пренесе порталот „Кликс“.

Како што изјавила за порталот портпаролката на полициската станица во Билеќа, полицијата околу 9:30 часот утрово добила пријава дека едно лице е убиено.

„Како што сме информирани, имало инцидент меѓу мештаните и едно лице за кое се смета дека е мигрант. Истрагата на лице место е во тек и истата треба да ги утврди причините“, рекла портпаролката.

Некои регионални медиуми пренесоа дека еден од мештаните од околните села веќе го признал убиството, за кое што рекол дека го извршил откако мигрантот го нападнал.

Нови вести

Сириската војска доаѓа на помош на Курдите

Igor

(Видео) Девет лица загинаа во експлозија во кинески ресторан

Filip

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Filip