November 24, 2020 21:24
Балкан

Во БиХ секој втор тестиран е позитивен на коронавирус

Во последните 24 часа во БиХ, детектирани се 1.555 лица позитивни на коронавирус од вкупно направени 3.158 биле тестирани, што значи дека секое второ лице е заразено. Во последното деноноќие пријавени се и 21 смртен случај.

Тоа е најголем број на новозаразени за еден ден досега, пренесува порталот Кликс.

Бројот на новоинфицирани е двојно зголемен во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани 703 позитивни случаи.

Од вкупниот број нови потврдени случаи, во Федерацијата БиХ, се регистрирани 909 лица од 1.720 тестирани примероци и 15 смртни случаи. Во Република Српска има 625 позитивни случаи и петмина починати. Во РС за 24 часа се тестирани 1.417 лица.