Балкан

Во БиХ регистрирани 12 нови случаји позитивни на коронавирусот

Во Клиничкиот центар при универзитетото во Сараево во последните 24 часа се тестирани 259 лица, од кои 12 се позитивни на коронавирусот. Од овие 12 ново заразени 11 се од Тешањ, а еден од Ново Сараево, каде последниот регистриран пациент е регистиран во средината на месец мај.

Според официјалните податоци од Здравствениот дом во Тешањ од вчера во домашна самоизолација во овој регион се наоѓаат 228 лица со решение на општинскиот санитарен испекторат.

Сите нови инфицирани лица се од познат кластер. Од почетокот на пандемијата со Ковид 19 од Тешањ на тестирање се испратени 792 лица, а позитивни се евидентирани 78.