June 18, 2019 17:20
Балкан

Во Атина притворени осум лица поради фрлање боја на Американската амбасада

Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина.

Полицијата соопшти дека десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност преземала анархистичката група Рубикон.

Тие изјавиле дека тоа го направиле поради „американскиот империјализам” и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО, како и поради неодамнешната американска одлука да се повлече војската од Сирија.

Анархистите Рубикон слични инциденти организираа и претходно.

Нови вести

Ѓукановиќ: Туѓото не го сакаме, нашето не го даваме

Igor

„Шќип”: Доколу има обид за одржување избори на 30 јуни, Мета ќе ја извади војската на улица

Igor

(Видео) Рама со протест дочекан во Лондон

Igor