January 23, 2021 06:13
Балкан

Во Албанија 299 новозаразени, четворица починаа

Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени, појава присутна овој месец, кога во просек кај 20 до 23 отсто од дневно тестираните се дијагностицира Ковид-19, јави дописничката на МИА од Тирана.

Во последното деноноќие од направените 1.315 тестови позитивен резултат е добиен кај 299 лица, што е 23 отсто од тестираните, со што вкупната бројка на заразени изнесува 19.157. Најголем број од новодијагностицираните се од Тирана, 184, каде активни на болеста се 4.133, што е повеќе половина од вкупната бројка, која изнесува 8.026,нформираа од Министертвото за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, битката со опасниот вирус, во последните 24 часа, ја добиле 106 или вкупно 10.654, додека ја изгубија четири пациенти, односно 477 до сега. Во исто време зголемен е и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување.

Моментално во двете ковид болници се третираат 271 паценти, што е за десетина повеќе споредено со вчера. Апелираме на строго почитување на препораките за заштита. Посебно апелираме при секој симптом на опасниот вирус да се јавите кај вашиот семеен лекар, ништо не оставајте до последен момент, апелираат од Министерството.

Претходно, претседателот Илир Мета побара под итно зголемување на бројот на тестови дневно, по податокот изнесен од СЗО дека во неговата земја се прават најмалку тестови во светот во однос на бројот на жители.

The Seven Deadly Sins Episode 24 at website https://kissanimeonline.com. See more kimetsu no yaiba kissanime

Watch The Seven Deadly Sins: Revival of the Commandments (Dub) Episode 18 at AnimeHeaven dragon ball super anime heaven