July 29, 2021 08:20
Свет

Во Албанија рекордни 48 заболени од Ковид 19, во Хрватска 2, во Австрија 14 позитивни

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.808.005 лица. Од нив починале 430.113, а оздравеле 4.006.148 луѓе.

– Во последното деноноќие во Албанија забележан е најголем број новозоразени од почетокот на пандемијата. Од тестираните 270 сомнителни случаи позитивни на Ковид -19 биле 48 лица, со што вкупната бројка се зголеми на 1.464 заразени лица. Починати се 36 лица, а активни на болеста се 389. Последните денови паралелно со зголемиот број новозаразени се зголемува и бројот на оние кои болнички се лекуваат. Моментно во Инфективната клиника се хоспитализирани 52 пациента, од нив седум се на интензивна терапија, додека еден на респираторна машина. Поради трендот на зголемување на новозаразени од Ковид-19 техничкиот комитет на експерти на Албанија соопшти дека се пролонгира планираното отпочнување со работа на јавниот превоз в понеделник.

– Маж на 71-годишна возраст од Призрен, заболен од Ковид-19, почина денеска, со што бројката на жртви на новиот коронавирус во Косово се искачи на 32. И денешната, како и останатите жртви, страдала и од други тешки болести. Вчера беа откриени нови 58 заразени, а вкупно од почетокот на пандемијата се регистрирани 1.384 носители на вирусот, од кои како излекувани се водат 921 лице. Активни носители на вирусот се 431 лице. Вклучително вчерашните 227, досега во Косово се извршени 17.934 тестирања.

– Во Индија во последните 24 часа се регистрирани 11.458 нови случаи на зараза со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Вкупно се заразени над 300.000 луѓе. Индија е четврта земја во светот по број на заразени со Ковид-19. Во земјата досега се регистрирани 8.884 смртни случаи.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени два нови случаја на коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани достигна 2.251, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Вкупниот број на починати изнесува 107 лица.

– Во Србија во последното деноноќие се потврдени уште 76 случаи на коронавирус, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани 12.251 заразен, а починати се 253 лица.

– Тајландски научници почнаа со собирање примероци на лилјаци за тестирање на коронавирус, поради загриженост дека можат да претставуваат закана за локалното население, соопшти Владата во Бангкок. Научниците планираат во рок од три дена да соберат 300 лилјаци од пештери во провинцијата Чантабури во југоисточниот дел на земјата.

– Во Австрија во изминатите 24 часа се регистрирани само 14 новозаразени од коронавирус, што е најмал трет дневен број на инфицирани досега. Од почетокот на епидемијата во земјата заразени се 17.078 лица, а починати 677.

– Иран повторно ќе воведе ограничувања на движењето со цел да се спречи порастот на бројот на заразени со коронавирус, доколку не се почитуваат здравствените прописи, изјави денеска шефот на државата Хасан Рохани. По постепеното олабавување на мерките кон средината на април, Иран бележи драстичен пораст на новите дневни инфекции во последните недели. Во Иран денеска се потврдени нови 2.410 случаи на зараза, со што вкупниот број достигна 184.955. Од последиците на Ковид-19 во последното деноноќие починале 71 лице, па вкупниот број на смртни случаи изнесува 8.730.

AnimeDao overlord animedao: Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 4 (https://animedao.nl/m/WyNw/ep-4)

AnimeHeaven watch anime online: Fairy Tail (Dub) (https://animeheaven.pro/m/AWKr) Episode 175