April 11, 2021 09:39
Балкан

Во Албанија продолжува да коси „белата чума”

Податоците на Институтот за статстика – ИНСТАТ, покажуваат дека „белата чума” и понатаму коси во Албанија.

Минатата година се родени 28.075 бебиња или околу 486 помалку во споредба со 2019 година.

Според официјалната статистика, само три региони во земјата забележале раст на бројот на новородени, додека во останатите бројот е помал, при што најзагрижувачка е ситуацијата во регионот на Ѓирокастро со само 504 раѓања во текот на 2020 година.

За експертот за прашања од социјалната заштита Коста Бајраба ова се поврзува со несигурноста и ниските примања на младите брачни двојки.

Овој драстичен пад на наталитетот е загрижувачки, додаде тој, и треба да се реши со долгорочни политики.

– Бројот на новородени деца се намалува за околу 500-600 годишно. Направени се напори да се поттикне нивниот раст дури и преку политики како што се бонуси, но тоа не го решава проблемот. Мислам дека ни требаат поодржливи нови политики за млади брачни двојки, како создавање можности за нивно школување и вработување. Да им обезбедиме олеснителни можности за сместување или кредитирање. Тие се долгорочни решенија, смета Бајраба.

Од 1990 година, кога имало 82.000 раѓања, Албанија бележи постојан голем пад на наталитетот. Во периодот меѓу двата пописа на населението, 2001 – 2011 година нивниот број се намалува континуирано од околу 53.000 во 2001 година на 34.000 во 2011 година.

Меѓу причините за опаѓањето на наталитетот секако е масовната емиграција, економските услови, како и едукацијата на жената. Ако во 1960 година во просек секое семејство имало по најмалку пет деца, сега тој број изнесува 1,5 деца.

По падот на тоталитарниот режим, односно за три децении, околу 1,64 милиони албански граѓани или 36 отсто живеат и работат во странство, главно во Грција, Италија, Германија, САД, Канада, Велика Британија и Швајцарија.

The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25 at website https://animefreak.ws. See more animefreak dragon ball

Watch Hunter x Hunter Episode 102 (https://crunchyrollfree.com/m/d2N/ep-102) at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll premium code