June 24, 2021 20:12
Балкан

Во Албанија над 200 илјади лица примиле две дози од вакцината против Ковид-19

Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, информираше дека во земјата имунизацијата против Ковид-19 се одвива со забрзана динамика.
Преку објава на Фејсбук таа наведува дека над 200 илјади веќе ја добиле втората доза од вакцината.
– Повеќе од 200 илјади граѓани ги примија двете дози од вакцината и денеска се многу позаштитени од Ковид- 19. Процесот се одвива со зголемена динамика на целата територија на земјата. Албанија се насмевнува, напиша Манастирлиу.
Додава дека вкупната бројка на имунизирани достигнала 650 илјади и повеќе од оптимист е дека до јуни со овој процес ќе бидат опфатени милион граѓани, што и била цел на владата.
Според неа деновиве се очекува да пристигнат нови пратки со вакцини.
-До сега имаме добиено  над 760 илјади вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Спутник В. Деновиве ќе добиеме нови пратки, наведува таа.
Според објавените податоци на ресорното Министерството, вчера, регистрирани се 49 нови случаи, оздравеле 983, додека починало едно лице. Се намалува и бројот на хоспитализирани, кој моментно е 84 пациенти.
Од девети мартминатата година, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син,  по нивното враќање од Италија, заразени се вкупно 131.939 лица од направените 671.495 тестови. Оздравеле 122.105, починале 2.427, додека активни на болеста се 7.407 лица.

WCOStream watch animes: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24

KissAnime kissanime closed: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (Dub) Episode 9