March 7, 2021 16:32
Балкан

Во Албанија лани имало склучени бракови помалку за 22 отсто споредено со претходната година

Пандемијата, која минатата година, неочекувано го погоди целиот свет, во Албанија промени многу планови, како и многу демографски индикатори во земјата.

Карантинот што траеше од средината на март до почетокот на мај целосно го парализираше животот во земјата. Но и следните месеци не беа идентични со изминатите години, со дополнителна грижа и ограничено движење.

Сето тоа секако свое влијание имаше и во бројот на бракови во земјата, кој е значително помал споредено со претходната година.

Според статистичките податоци што албанските институции ги пријавуваат до Евростат, минатата година во земјата биле склучени околу 17.500 илјади бракови, што преставува пад од 22 отсто. Ова е најмал број на бракови од 1990 година, кога имало над 30.000.

Гледано одделно по месеци, падот на бројот на оние кои го кажале судбоносното „да” започнал во март, кога биле склучени само 640 бракови, од околу 1.700 истиот месец претходната година. Во април, на врвот на карантинот, имало само 71 брак, со намалување од 96 отсто во споредба со истиот месец претходната година.

Најголем број бракови има во август, околу 2.300, но сепак е помал за девет отсто во споредба со август претходната година, тренд што е поврзан со доаѓањето во родниот крај на емигрантите за летниот одмор. Во следните месеци, иако ограничувањата беа намалени, бројот на бракови продолжи да опаѓа (-11,7% во септември и -14,3% во октомври).

Само во ноември бројот на браковите е приближно на истото ниво со ноември 2019, со намалување 4,5 отсто.

Враќањето на ограничувањата во декември и неможноста емигрантите да дојдат во родниот крај, како резултат на зајакнатите мерки во земјите каде што живеат, бројот на бракови е помал за 13,4 отсто.

Дури и пред пандемијата, бројот на бракови во земјата се намалуваше, меѓу другото како последица на стареењето на населението, голема емиграција, промени во животниот стил.

Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 15 (https://animedao.nl/m/vbNx/ep-15) at AnimeDao sword art online animedao

Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (Dub) Episode 1 (https://animeheaven.pro/m/PP3J/ep-1) at website https://animeheaven.pro. See more anime stream