January 23, 2021 23:28
Балкан

Во Албанија високи бројки на заразени, оздравени и починати од Ковид-19

Во Албанија продолжува трендот на голем број заразени, починати но и на оздравени од Ковид-19, што потврдуваат податоците соопштени попладнево од Министерството за здравство и социјална заштита.

-Регистрирана е најголема бројка на починати во едно деноноќие или 19 лица, сите во болнички услови, со што до сега вкупната бројка на починати се зголеми на 735. Опасниот вирус е дијагностициран кај 744 лица, од направените 2.505 тестови, што е 30 отсто од тестираните, информираше министрството.

Во последното деноноќие во списокот на оздравени се внесени 436 или до сега 16.666 од вкупно заразените 34.300 лица.

Моментно активни на болеста се 16.899, од нив во трите ковид болници се хоспитализрани 455 пациенти.

Премиерот Еди Рама денеска побара од граѓаните да бидат посвесни и поодговорни за да се избегне пренатрупаност во болниците и затворање на земјата што би имало сериозни последици од сите аспекти.

-Барам ваша помош за да бидете што е можно посовесни и поодговорни и сите заедно да избегнеме преоптоварување на болниците, што практично ќе го отежни нормалното

лекување на сите на кои им треба и ќе услови целосно затворање. Неопходно е секој од нас, да даде придонес за да се избегне затворање што би имало непожелни последици во однос на економијата, на секое семејство и на нашето заедничко семејство, апелираше Рама.

На средбата пак што попладнево ја имаше лидрот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша, со лекари специјалисти, кои се директно вклучени во лекување на ковид болните, тие побарале што поитно да бидат отворени ковид центри во регионалните болници и да се набават брзи тестови.

Според нив бројот на починати од Ковид-19 е повисок е оној што официјално се соопштува,бидејќи се евидентираат само почнатите во трите ковид болници, додека „починатите од коронавирус во домашни услови не се внесени во овој број”.