Во Австрија бројот на новозаразени од коронавирус изминативе денови се зголемува и повторно достигна петцифрена бројка. Во последните 24 часа регистрирани се нови 10.898 позитивни ковид-случаи, а тој број последен пат беше евидентиран во април годинава.
Во изминатото деноноќие како последица од вирусот починале шест луѓе. Тамошниот министер за здравје рече дека овој број е очекуван. Тој не најави нови мерки, рече дека смета на самоодговорноста на граѓаните.
Во Виена моментно има 3.569 новозаразени.