December 1, 2020 09:19
Свет

Во Австралија уапсени 44 мажи поради поседување материјали за злоупотреба на деца

Австралиската полиција уапси 44 мажи низ целата земја под сомнение дека поседувале и произведувале материјали за злоупотреба на деца, јави Би-Би-Си. Тие се на возраст меѓу 19 и 57 години.

Шеснаесет деца биле „спасени од експлоатација” по истрагата, соопшти австралиската федерална полиција.

Апсењата се случија по една година истрага за споделени слики и видеа на интернет. Мрежата се проширила речиси низ целата држава, и апсењата се извршени во секоја австралиска држава. Полицијата поднесе вкупно 350 обвиненија, сите поврзани со поседување или производство на материјали за експлоатација на деца.

Комесарот на Федералната полиција, Рис Кершоу, рече дека идентификувањето и спасувањето на жртвите била „трка со времето”.