November 29, 2020 06:15
Економија

Во август 94,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во август годинава во земјава вкупно се потрошени  525.962 мегават часови електрична енергија, 36,719 милиони нормални кубни метри природен гас, 315.301 тон јаглен и 81.663 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, со 94,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 95,8 проценти од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.