September 23, 2019 07:26
Свет

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Двајца американски војници денеска биле „убиени во акција”, пренесуваат некои американски медиуми, повикувајќи се на извор во командата на мисијата на НАТО во Авганистан.

Како што јави дописникот на МИА од вашингтон, се истакнува дека од почетокот на годината во Авганистан загинале најмалку 14 војници на армијата на САД.

Изминатата недела во Авганистан се случија неколку терористички напади, а најмалку еден бил извршен од групата „Исламска држава”.

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати досега истакна дека планира да ја заврши долготрајната американска воена кампања во земјата, која тој синоќа ја нарече „миротворска” и да склучи договор со Талибанското движење.

– Во секој случај, САД имаат намера да останат во Авганистан со значителни сили, претставници на разузнавачките служби, изјави претседателот Трамп.

Нови вести

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Filip

Претседателот на Колумбија, Мадуро го спореди со Милошевиќ

Filip

Протести во Словачка, за целосна забрана на абортусот

Filip