Свет

Војската на Мјанмар уби 80 демонстранти во градот Баго

Најмалку 80 цивили загинаа за време на оружената интервенција на армијата на Мјанмар на протестите во градот Баго против воениот преврат и апсењето на избраните членови на владата.

Според британскиот весник „Индипендент”, војниците во областа Ма Га Дит во градот Баго отвориле оган врз демонстрантите кои продолжиле да протестираат и покрај предупредувањата.

Очевидци тврдат дека војниците отвориле оган од тешко оружје врз демонстрантите и фрлале рачни гранати. Најмалку 80 лица се убиени во нападот.

Во градот Таму во Мјанмар, граѓаните поставиле заседа на воен конвој и убиле тројца војници.

Армијата на Мјанмар изврши воен удар на 1 февруари годинава и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите во ноември биле нерегуларни.

Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси владините лидери, вклучувајќи ја и премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.

Досега се убиени повеќе од 600 цивили за време на масовните протести поради пучот кои започнаа на 6 февруари. Уапсени се речиси 3.000 лица, а за 520 се распишани потерници.

AnimeTV top anime tv shows: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 48

AnimeDao attack on titan animedao: My Hero Academia 2 (https://animedao.nl/m/xOby) Episode 25