Македонија

Вонредната состојба ќе се продолжи на уште две недели

Канал 5 дознава дека вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели!

Покрај оваа одлука на Седницата на Советот за безбедност ќе се донесе и мерката да нема групирање на повеќе од 20 лица на одреден простор.

Во претседателската вила „Водно” почна седницата на Советот за безбедност на која треба да се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Денеска беше последниот ден кога истекува третата, двонеделна вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, поканет е и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Поврзани вести

Петмина починати, 120 нови заболени од Ковид 19

Igor

Јанушев и Јанакиески во нови „бомби“: Договарале исклучување на струја и лифтови

Igor

Николовски: ДУИ треба да замине во опозиција, тоа е добро и за неа и за државата

Valentina