June 28, 2022 00:10
Свет

Вонредната состојба во Молдавија продолжена за 45 дена

Молдавскиот парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба за 45 дена поради ситуацијата во Украина. Информацијата ја соопшти претседателот на Парламентот, Игор Гросу.

Властите во Молдавија ја воведоа вонредната состојба на 24 февруари. Комисијата за вонредни ситуации предложи продолжување за уште 45 дена почнувајќи од 24 јуни, а тоа го поддржа и Владата.

Премиерката Наталија Гаврилица, која му се обрати на парламентот со барање за продолжување на вонредната состојба, истакна дека Комисијата за вонредни состојби ќе има право да донесе итни одлуки, доколку тоа биде потребно.

Таа смета дека таквиот пристап веќе се покажал како оправдан, кога властите мораа да се изборат со големиот прилив на бегалци од Украина.

Потоа, како што истакна Гаврилица, вонредната состојба е неопходна и поради енергетската криза, затоа што земјата мора месечно да се договара за увоз на електрична енергија и да бара алтернативни патишта за снабдување со гас, во случај „Газпром” да го запре.

Опозицијата беше категорично против продолжување на вонредната состојба.

Пратеници на блокот на комунисти и социјалисти тврдат дека вонредната состојба им е потребна на властите, затоа што се плашат од масовни протести на незадоволни граѓани.

làm đại lý go88 Review chi tiết về Cổng game đổi thưởng Go88 Club auto tài xỉu go88

where can i buy sunwink