December 8, 2022 23:23
Свет

Володин: Забрането е Русите да бегаат од мобилизација

Вјачеслав Володин, претседателот на руската Дума на Телеграм објави дека Русите не треба да бегаат од Русија во обид да избегнат мобилизација и дека тоа им е забрането.

„На граѓаните запишани во воената евиденција, од моментот кога е објавена мобилизација, им е забрането да го напуштат местото на живеење без дозвола на воениот комесаријат. Таква законска норма постои и по неа треба да се раководат сите воени обврзници“ – напиша Володин.

Русите веќе една недела масовно бегаат од земјата откако претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација.

Британското разузнавање соопшти дека бројот на руски бегалци веројатно ја надминува големината на вкупните инвазивни сили испратени од Русија во февруари 2022 година.

Меѓу оние кои се обидуваат да ја напуштат Русија, има претежно богати и образовани, додаваат разузнавачите.