August 22, 2019 03:30
Свет

Волк нападна кампери во национален парк во Канада

Во Националниот парк Банф, Канада, волк ги нападнал камперите и се обидел да одвлече еден човек, соопштија од „Паркови на Канада“.

Тие наведуваат дека нападот се случил на 9 август во камп северно од езерото Луис во Алберта и забележуваат дека ваквите напади на волци се ретки.

Експертот за диви животни од „Паркови на Канада“, Џон Стјуарт Смит, изјави дека мажот кој кампувал со сопругата и двете деца се обидел да го исплаши волкот со кревање врева, но волкот го каснал низ шаторот, јави АП синоќа.

Тој додава дека волкот цело време го касал човекот, го скинал шаторот и почнал да го одвлекува.

Друг кампер ја слушнал вревата, истрчал и го удрил волкот, кој потоа побегнал.

Нападнатиот маж се здобил со повреди на раката и бил пренесен во болница.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip