February 23, 2019 20:39
Економија

„Волво“ лани уривал рекорди со добивка од над 1,3 милијарди евра

Растот на продажбата од 17 отсто, зголемувањето на приходите од 29,3 отсто и зголемувањето на просечната цена на продаден автомобил за 20 отсто се најважните показатели на „Волво“ за претходната година.

Според соопштението на компанијата, „Волво“ лани имал 24,3 милијарди евра приходи, продал 642.253 автомобили и остварил оперативен профит од 1,3 милијарди евра. На акционерите ќе им исплатат дивиденда во износ од 0,50 евра по акција.

– Минатата година беше рекордна за „Волво“ групата според продажбата, приходите и остварените маржи, порача претседателот на управата и главен извршен директор, Мартин Лундштедт.

Притоа  нагласи дека продажбата на главните модели на „Волво“се зголемува на трите главни пазари, европскиот, кинескиот и американскиот.

– „Волво“ камионии „Рено“ камиони годинава ќе почнат со продажба на електрични возила, а во соработка со „Мек“ камиони во САД ќе почне  производство на електрични камиони за отстранување отпад за американскиот пазар, најави Лундштедт.

„Рено“ и „Мек“ камиони, исто така се дел од „Волво“ група.

Во текот на изминатиот период компанијата ја зголеми вработеноста за 5.687 работници, па сега 105.175 вработени.

Related posts

Македонија станува гробница на половни дизел возила

Valentina

Министерството тврди дека со годинашните реформи се подобрени јавните финансии

Valentina

Бабовски: Пред време ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади

Ivona