October 15, 2019 11:07
Свет

Вокер: Крим самиот ќе посака да стане дел од Украина ако земјата влезе во ЕУ

Кога Украина ќе стане демократски успешна држава, и некогаш стане дел од ЕУ, Крим самиот ќе посака да се врати во нејзиниот состав, изјави Курт Вокер, специјален американски претставник за оваа земја.

Според него, Украина моментално покажува голем напредок и се интегрира со Европа со стремеж за членство во ЕУ и НАТО.

-Овој план е добар во случај да не се исполнат Минските договори. Русите можат да видат како Украинците ја сменија власта поради разочараност од неа, изјави Вокер за рускиот Јутјуб канал „Гордон”.

Според него, не постои можност Украина да го врати Крим со помош на воени средства и го советува украинскиот претседател Володомир Зеленски да воспостави директна комуникација со Москва.

-Размената на затвореници беше успешна поради директниот дијалог на претседателите на двете земји, кои само ја делегираа непосредната организација на помошниците, изјави Вокер.

Нови вести

Жена загина при експлозија која урна зграда во Русија

zane

Австриската СПО е во големи долгови по поразот на изборите

Valentina

Полицаецот кој уби жена во САД обвинет е за убиство

zane