January 26, 2021 18:51
Свет

(Вознемирувачко видео) Четворица полицајци во Париз претепаа црнец, сега се под истрага

Франција започна официјална истрага против четворица француски полицајци кои претепале црн музички продуцент, објавија „Франс прес“ и „Франс инфо“.

Двајца полицајци ќе останат во притвор, а другите двајца ќе бидат под судски надзор, јавуваат француските медиуми.

Обвиненијата против полицајците ќе вклучуваат употреба на расистички јазик и намерно насилство со употреба на оружје, рече парискиот обвинител Реми Хајц.

Во саботата избувнаа насилни судири во престолнината на Франција за време на протестите против полициското насилство откако претседателот Емануел Макрон ден порано рече дека снимките од наводното тепање се срамни за Франција.

Музичкиот продуцент Мишел Зеклер рече дека полицајците го нападнале во неговото музичко студио во Париз. Тој рече дека се шетал во близина на студиото и не носел маска, со што ги прекршил француските здравствени протоколи во борбата против коронавирусот. Кога видел полициско возило, влегол во неговото музичко студио за да избегне парична казна.

Тој додаде дека полицијата го следела до студиото и физички го нападнала и навредувала врз расна основа.

Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 228 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime one piece

Death Note (Dub) Episode 37 at website https://kissanimeonline.com. See more your lie in april kissanime