September 23, 2021 11:55
Свет

(Вознемирувачко видео) На Фарските Острови масакр на скоро 1.500 делфини

Дури и најупорните бранители на традиционалниот лов на китови и делфини денеска го осудија суровиот и непотребен масакр врз речиси 1.500 делфини во близина на Фарските Острови.

Според „Гардијан“, делфините претходно биле принудени да испливаат во плитките води на плажата Скалаботнур на островот Ејстурој, каде безуспешно се обидувале да се спасат пред да ги убијат.

1428 dupina ubijeno u jednom danu
1428 dupina ubijeno u jednom danu

Групата „Си Шепард“, која со години се бори против ловот на китови, тврди дека неодамна завршениот лов е најголемиот поединечен масакр на делфини и китови во историјата на Фарските Острови.

Се наведува дека повеќе животни биле убиени во еден ден отколку во текот на целата сезона во озлогласениот залив Таиџи во Јапонија.

Дури и жителите на Фарските Острови, од кои повеќето го гледаат ловот како дел од нивното културно наследство, изразија одвратност.

„Мака ми е кога гледам вакво нешто“, напиша еден од жителите на островот на фејсбук-страницата на локална телевизија, додека друг го нарече масакрот страшен и посочи дека поради овој обичај се срами што е жител на Фарските Острови.

Хари Петерсен, кој претседава со локалното здружение за лов во заливи, рече дека премногу делфини биле насочени и принудени кон плажата, како и дека имало премалку луѓе на плажата кои желно чекале да ги убијат, но поради малубројноста, тоа го правеле бавно.

Петерсен додаде дека е згрозен од она што се случило.

„Вџашен сум од она што се случи. Делфините долго се мачеа и прпелкаа во плитката вода пред да бидат убиени“, изјави тој.

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

Website https://animebee.to: Watch All Saints Street 2 animebee Episode 12 anime stream

Watch Alice or Alice Episode 12

Animepahe: Detective Conan Movie 20: The Darkest Nightmare anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime

Giantbomb: https://www.giantbomb.com/profile/kissanimemx/about-me/

Knowyourmeme: https://knowyourmeme.com/users/kiss-anime--5