Search

(Вознемирувачко видео) Настрада моторџија во Чаир

Мотоциклист е тешко повреден по судир со автомобил, попладнево во скопската населба Чаир.

Сообраќајната несреќа се случила пред околу половина час, на улицата Ќемал Сејфула, пред спортската сала „Партизан“, кога дошло до судир меѓу мотоцикл и автомобил „опел“.

По ударот мотоциклистот се излизгал и паднал од моторот по што останал да лежи на асфалтот, а минувачите веднаш повикале Брза помош.

Екипата на Брза помош набргу пристигнала на местото и го однела тешко повредениот во Градската болница.

Според полицијата, сообраќајката се случила на раскрсницата од улиците Џон Кенеди и Ќемал Сејфула, кога дошло до судир на автомобил „опел“ и мотоцикл.

 

 

Треба да знаете
Последни објави