Магазин

(Вознемирувачко видео) Матадор прободен во препоните од бикот на кој му заби копје

За време на одбележувањето на Националниот ден на Шпанија, кој се прославува на 12 октомври, бик со своите рогови сериозно го повреди во препоните матадорот кој се обидувал да го убие, пишува „Индепендент“.

Животното кое претходно матадорот трипати го прободел со нож и во грбот му забил три копја, потоа го фрлило Гонзало Кабелеро (27) во воздухот и го удрило во препоните по втор пат.

Бидејќи Кабелеро многу крварел од препоните, веднаш бил опериран во амбулантата што се наоѓала во близина и подоцна бил пренесен во болницата Сан Франциско де Асис за понатамошно лекување.

Целиот настан го набљудувала неговата девојка Викторија Федерика (19), петта по ред за шпанскиот престол. Кабелеро верувал дека нејзиното присуство му носи среќа.

Бикот бил убиен, а матадорите му го отсекле увото и му го однеле како трофеј на Кабелеро во болница; што е во согласност со традицијата.

По неколку месеци закрепнување од повредата, Гонзало Кабелеро се вратил во арената.