February 28, 2020 10:10
Балкан

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „БМВ“ здроби „Шкода“ на наплатна рампа, цело семејство во кома

На Интернет се појави снимка од вчерашната страшна несреќа на наплатната рампа „Света Хелена“ недалеку од Загреб, во која тешко повредени се три лица.

На објавената снимка се гледа како „БМВ“ удира во „Шкода“ без кочење, во која биле семејство, двајца родители и дете. Како што пишуваат медиумите во регионот, двајцата родители и детето се во кома.