October 26, 2020 16:56
Магазин

Возможна мисија – Том Круз доби зелено светло да снима филм на Меѓународната вселенска станица

Тој е познат по ризичните сцени што сака да ги изведува сам, без каскадери, во филмовите од хит-серијалот „Невозможна мисија“.

И, конечно, на Том Круз му е отворен патот за неговата најсмела мисија досега.

Холивудската sвезда (58) ќе биде во капсулата „Спејс икс драгон“ на закажано патување до Меѓународната вселенска станица во октомври 2021 година за да снима сцени од најновото продолжение на „Невозможна мисија“, објави „Спејс шатл алманак“ во вторникот.

Истиот извор на „Твитер“ објави графикон за претстојните планирани лансирања до ISS (Меѓународна вселенска станица) заедно со листи на екипажот.

На првото туристичко патување, како што е наведено во распоредот, ќе бидат Круз и режисерот Даг Лиман (55).