December 2, 2022 11:06
Хроника

Возило излетало од патот кај село Романовце, возачот е тешко повреден

На 23.09.2022 околу 10.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с .Романовце, на влезот во селото, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(29) од Куманово, излетало од патот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.