August 10, 2022 22:46
Хроника

Возило излетало од автопатот Градско-Неготино

Возило со српски регистарски ознаки утрово излетало од автопатот Градско-Неготино, има повредени лица.

-Утрово околу 09.34 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот А1, Градско-Неготино, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило, со српски национални ознаки, излетало надвор од коловозот. Според првичната пријава, во несреќата има повредени лица кои се пренесени за укажување на лекарска помош. Полициски службеници се упатени на местото на несреќата, велат од МВР.

Посочија дека засега не можат да дадат повеќе детали за сообраќајката.