January 25, 2020 13:25
Магазин

Возел со ГПС: Пензионер тргнал со автомобил од Њукасл за Рим па завршил во Германија

Британски возач на возраст од 81година тргнал на патување од Њукасл во Англија во Рим во Италија за да го посети Ватикан и да го видов папата Франциск, но следејќи го сателитскиот систем за навигација завршил во Германија.
Пензионерот, инаку Италијанец кој долги години живее во Англија, имено по грешка напишал “Rom” наместо “Rome”, па навигацијата по преминувањето од Островот на копното на Франција продолжила да го води низ целата територија на Белгија до малото место Ром во западниот дел на Германија, во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија.

Откако бил информиран од навигацијата дека пристигнал на посакуваната дестинација, пензионерот излегол од автомобилот за да види некои од знаменитостите на Рим, но видел само една мала улица, куќа и ливада.

Да биде поголема белјата, пензионерот заборавил да ја крене рачната сопирачка на неговиот „Jагуар“ па автомобилот тргнал наназад и удрил во знакот „Ром“.

Така всушност се дознало за авантурата на британскиот пензионер бидејќи на увид дошла локалната полиција која го пронашла збунетиот старец, речиси италијански 1.500 километри од посакуваната дестинација. Тој додал дека сфатил оти нешто не е во ред со оглед на тоа не видел ниту една од знаменостите  на Рим како што очекувал.

Нови вести

Успехот на „Преспав” се должи на мултиталентираните актери

Valentina

Тејлор Свифт поретко ќе се појавува на сцената, сака да поминува повеќе време со својата болна мајка

Valentina

(Видео) Во Флорида е толку студено што од дрвјата паѓаат смрзнати игуани

Igor