October 17, 2019 08:08
Свет

Воен авион се урна во југозападна Германија

Воен авион се урна во непосредна близина на југозападниот германски град Трир, соопшти полицијата попладнево, јави ДПА.

Портпаролот на полицијата од градот изјави дека авионот наликувал на американски ловец, но не сакаше да даде повеќе детали.

Градоначалникот на локалната општина Земер изјави дека авионот се урнал во шумски регион.

Дел од медиумите јавија дека пилотот успеал безбедно да се катапултира.

Локалната полиција го предупредила локланото население да не се упатува кон местото на несрќата, бидејќи во моментот се спроведувала спасувачка операција.

Инцидентот доаѓа четири месеци по судирот во воздух меѓу два германски воени ловци во североисточниот дел од земјата, кога еден од двајцата пилоти загина, потсети ДПА.

Нови вести

Меѓународна истрага за педофилија на интернет – уапсени 338 лица ширум светот

Filip

Трамп: Ако нема решение за Сирија, санкциите кон Турција ќе бидат погубни

Filip

Турција подготвува санкциите како одговор на мерките од САД

Filip