January 26, 2021 06:18
Македонија

Воено-медицинскиот персонал ќе се распореди во ковид центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од 12 лекари и 20 медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.

Како што соопшти Министерството за здравство, оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокто на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.
По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10. 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и пет амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот, се посочува во соопштението.