January 21, 2019 23:41
Македонија

Воведена забрана за камиони на планинскиот премин Плетвар

Поради интензивни снежни врнежи, од Авто мото-сојузот на Македонија инфомираат дека е воведена е забрана за движење на камиони и на планинскиот премин Плетвар.

„Во 16 часот и 15 минути e воведeна забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар“, се наведува во соопштението на АМСМ.

Претходно денеска забрана за движење на камиони беше воведена и на планинските превои Буково и Ѓавато, како и на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, понатаму забрна за тешки товарни возила има воведено и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Related posts

Професорот Докмановиќ избран во Одборот на директори на ЕНАМ

24news

Попладне вонредна седница на Владата

24news

Притвор за уште две лица за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“

admin