March 24, 2019 23:01
Македонија

Воведена забрана за камиони на патниот правец Дебар-Струга

Од превентивни причини денеска во 16:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат”, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонија пат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Граѓаните подетални информации можат да добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или да ја посетат веб-страница  www.makedonijapat.com.mk 

Нови вести

Утре Заев и Спасовски на трибина „Фер општество – шанса за сите“ со граѓаните од Куманово

24news

(Видео) Мицкоски до младите: Го имате своето знаење, целиот свет и можност да ги менувате работите

Filip

Адеми: Македонската заедница во Хрватска важна алка за градење на соработката

Filip