June 26, 2019 20:32
Македонија

Воведена забрана за камиони на граничниот премин Ќафасан

Поради интенизивните снежни врнежи на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан повторно се воведува забрана за сообраќај на камиони.

Од 12 часот и 15 минути поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан“, информираат од АМСМ.

Забрана за движење на тешки товарни возила и натаму има и на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Нови вести

Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО

Filip

Остра расправа во Собранието за реконструкцијата на Владата

Filip

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Filip