November 25, 2020 06:42
Македонија

ВМРО ДПМНЕ ќе протестира со автомобили во Скопје и до Штип на денот на ВМРО

Денес 23-ти Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите.

Протестот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф. др Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.