September 18, 2021 16:50
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични за власта за ненавремено спречување на пожарот во Кочани – одговорност и оставки веднаш

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Како што вчера рековме, вчера дека ќе помагаме на граѓаните, колку можеме во рамките на граѓанските капацитети кои што ги поседуваме. А, денеска наместо одговори од власта ќе бараме одговорност. И за тоа сме тука баш на лице место да се види оваа страотна апокалиптична состојба која што ги стрефи вчера граѓаните на Кочани. И тоа само заради една единствена работа, а тоа е заради неспособноста, некоординираноста на власта и нефункционалноста на институциите.

Денеска сме тука да побараме одговорност, за тоа што вчера наместо да се стиши оваа огнена стихија тука од страна на надлежните на власта, Стојанче Ангелов и сите останати кои што треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави. Стојан Ангелов си глумеше селебрити и се сликаше со пејачи и со други лица од естрадата. Наместо да биде тука со граѓаните.

Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канабери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра. Не најдоа ниту време, ниту пари да ги сервисираат за да не ни се случи ова кое што ни се случи вчера за што сведочи оваа глетка каде што се уште има чад од оние дрва кои што изгореа. Како што гледате стигна дури и до куќите и за жал има неколку куќи изгорено. И за жал неколку лица од огнот завршија во болница со изгореници како што можевме да видиме низ медиумите.

Бараме одговорност за тоа што немаше хеликоптери вчера да го гасат пожарот. Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век, држава Република Македонија, власт. Немало хеликоптери за граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани. Така да бараме одговорност од власта за се она што требаше да го направи вчера, а не го направи и за жал тоа ги чинеше граѓаните, некои со материјална штета, а некои за малку и со човечки животи. И бараме одговорност за тоа што оваа власт секоја една ситуација на непогоди и се што е останато во рамки на нејзина можност да превенира ги изненадува за жал. Како што успеа да ги изненади овој оган, овој пожар на плус 50 степени во Кочани.

Така да ние сме тука со сите наши расположливи капацитети во однос на помош на граѓаните во рамки како што реков нашите човечки капацитети. Она што сакам да го потенцирам на крај да завршам пред да говори мојот пријател и сопартиец Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука. Од она кое што сакам исто така да го потенцирам е дека и да апелирам до надлежните, но и до граѓаните дека и во другите градови има сериозни пожари и треба да се превенира навреме за да не се случи и да не дојде до ова што дојде.

Прашање: Господине Арсовски, велите дека правните тимови кај вас ќе ги разгледаат сите опции, од кого точно ќе барате одговорност?

Одговор: Видете, еве барам одговорност денеска тука со оваа прес конференција, но како што реков правните тимови разгледуваат и за луѓе кои што раководат со институциите, тука би ги напоменал Зоран Заев, Стојанче Ангелов и сите останати луѓе кои што треба да раководат со тој кризен штаб кој што за жал не функционира. Но, еве уште од овој момент апелирам за оставки на Стојанче Ангелов и сите останати вклучително и Зоран Заев за нивното непостапување односно за нивната нефункционалност како институција.

Прашање: Како идна извршна власт што ќе преземете во суштина има многу системски недостатоци и грешки на повеќе институции и ова не е само човечки фактор? Значи имаме системски дупки Миле како актуелен пратеник и Вие Димче Арсовски се надевам како дел од извршната власт нешто поголемо, имаме и поранешен пратеник, така да што би преземале за да се смени? Сега имаме пожари, потоа имаме поплави, ама некои работи не функционираат.

Одговор: Најпрвин има една клучна работа треба да се поставуваат клучни позиции луѓе кои што се капацитетни да водат. Јас не знам човек во државата кој што мисли дека Стојанче Ангелов може да се справи со кризи и со елементарни непогоди во Република Македонија. Не знам дали вие се сложувате со мене, но од она што го знам јас од претходно и што го гледам сега не постои човек во државата што се чувствува безбеден дека Стојанче Ангелов или било кој друг од Владата ќе му спречи било каква елементарна непогода. Не постои таков човек. Значи најпрвин, вистинските луѓе со вистински капацитети кои што знаат како треба на вистински места, подоцна координација итна без чекање. Вие имавте вчера додека овде луѓе се борат преку цел ден каде што знаеме наназад неколку денови дека е можно да има пожари, дека е алармантна ситуацијата и така натака, вие гледате дека се сликаат со селебрити, со пејачи, и лечат фрустрации од млади години кои што не успеале тогаш да се дружат со селебрити личности. Наместо тоа можеа да баталат и прослави на државен трошок и кафиња, и ручеци, и се останато и да дојдат тука. Но, што направија? Славеа! Значи најпрвин итни реакции, протокол, ние немаме протокол. Вчера тука било хаос, немало функционалност. Протокол, итна реакција, значи набавка на сите оние пожарни возила, човечки капацитети, стручни лица кои што фалат во градовите, не само во Кочани, во сите останати  градови и општини во Република Македонија. Бидејќи гледаме дека сме дефицитарни, и најважно од се однапред предвидени и видени кризни протоколи за вакви случаеви. Не може да не изненади пожар во лето, како што не може да не изненади снег во зима. Клучна работа за оваа влада изминативе четири години дека нив нешто ги изненадува. И клучна работа е дека само бараат некоја помош од странство, де за вакцини, де за авиони, де за гаснење пожари и за се останато. Така да има многу системски нефункционалности кои што се решаваат во рок од еден ден по преземање на власта. Но, најпрвин граѓаните ќе видат како функционира ВМРО-ДПМНЕ по локалните избори со единиците на локалната самоуправа бидејќи ќе можат самите да менаџираат одредени работи во рамки на нивните можности, а подоцна здравје боже и со преземањето на централната власт. Имало и претходно и во владеење на ВМРО-ДПМНЕ многу елементарни непогоди но никогаш не дошло до ваква ситуација. Не дошло да изгорат куќи додека власта си седи по прослави и кафиња и ручеци. Секогаш се интервенирало веднаш.

Website https://animefreak.ws: Watch Licca-chan to Yamaneko Hoshi no Tabi animefreak Episode Full animefreaks anime

Website https://4anime.biz: Watch Noragami Aragoto 4anime Episode 13 4animeone

Mezzo DSA (Dub) Episode 13

WCOStream: Neko Pitcher anime episode 6 online free at https://wcostream.cc watch cartoons online wcostream

Profile ameba: https://profile.ameba.jp/ameba/kissanimemx/

Piqs: https://piqs.de/user/kissanimemx/