Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Путерот и власта не се борат против, туку за корупција и криминал

Соопштение до јавноста – реакција на изнесените ставови на Љупчо Николовски за МИА

„Граѓаните не сакаат да бидат дел од криминалните и коруптивните активности на власта. Напротив тие заедно со ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваат на овој нарко картел на власт. Љупчо Николовски, Зоран Заев и СДСМ дозволија криминалот да метастазира и не само што  дозволија туку и му дадоа закрила и  поддршка.

Љупчо Николовски викан Путерот е дел од систем кој дозволи нарко босови и белосветски мафијаши да добијат официјални македонски пасоши и да крстарат низ светот. Николовски и власта не се борат со криминалот и корупцијата, туку се борат за криминалот и корупцијата. Молкот на Љупчо Николовски Путерот покажува дека е одговорен за шверцот на 5 шлепери тутун, Николовски е одговорен и заради молкот со скандалот на фирмата на неговиот брат која на чудесен начин среде криза го зголемила профитот за 2100%. Николовски Путерот е виновен и за несанкционирањето на Рашковски, Царовска и десетици други функционери кои се до гуша заглавени во скандали.

Секој ден граѓаните слушаат за нарко бизнисите на лица поврзани со власта, за матните тендери, криминалот и корупцијата поврзани со власта.

Одговорност ќе има и затоа Николовски и СДСМ се исплашени и се во паника. Криминалот на власта исплива на виделина.

KissAnime kissanime one piece: Horimiya Episode 13

GoGoAnime anime online: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://gogoanime.be/m/EGo) Episode 25