August 5, 2021 02:53
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е 63%, а сега СДСМ и Заев воведуваат и нов еколошки данок

„Национален интерес е и да се бориме за здрава економија, просперитет и развој, а состојбите се повеќе од алармантни. Би рекол – катаклизмични. ЕДНА милијарда евра во буџетот ја нема, а нема проекти. Парите се извлечени преку задолжување и се искористени во поткуп и кражба”, истакна претседателот Христијан Мицкоски на 30-тата Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот Мицкоски потсети и на прес конференциите на СДСМ каде го критикуваа ВМРО-ДПМНЕ за јавниот долг од 38% од БДП, а сега јавниот долг на Македонија изнесува 63% или секој граѓанин на Македонија должи по 3.500 евра.

„Наместо 500 евра плата во 2017-тата, денес сите имаме по 3.500 евра долг. А, само со новиот ребаланс владата ќе го задолжи секое семејство во земјата со нови дополнителни 500 евра. Воедно, со ребалансот се предвидува и нова давачка, а тоа е поскапување на дизел горивата за скоро 4 денари, што ќе биде директен удар за сите граѓани, а особено за земјоделците и транспортерите, што ќе предизвика ценовен шок и нов бран поскапувања на сите производи. Е оваа давачка ја викаат „еколошки данок”. Така, поатрактивно да делува”.

Тој се осврна и на новата зелена партија, ДУИ, потенцирајќи дека откако коалициониот партнер на Зоран Заев станаа зелена партија се поскапе дизелот, се направи масакар на дрвја, се увезува загаден мазут.

„Откако ДУИ и Заев се свртеа кон зеленото ќе поскапе дизелот, среде Скопје направија масакр со дрвата на улица „Орце Николов”, со увезување на загаден мазут го трујат воздухот, што значи кај и да е овие брзо ќе го напуштат зеленото и ќе се вратат на основните занаети, а тоа е криминалот и корупцијата. Тука се најдобри морам да признам”, кажа претседателот Мицкоски.

Токму за тоа се 111-ти според скалата на „Транспаренси Интернешнл” или најкорумпирани и најкриминализирани благодарение на Заев и оваа Влада на СДСМ во Европа.

На крај претседателот Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на следните избори и да гласа.

„Народот вели зеленото најбрзо пожолтува, а ќе пожолтат кога на избори ќе чујат народот што мисли за нив, за тоа ја користам оваа прилика да го повикам народот масовно на следните локални избори да излезе и да гласа. Со седење дома, мој македонски народе, со седење дома добрите луѓе бираат лоши политичари. За тоа излезете и масовно гласајте да дојдат добри политичари. Како вие што сте добри луѓе”, истакна претседателот Мицкоски.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. Gall Force: New Era Episode 2

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Infinity Nado 3 (Dub) Episode 2

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Unbreakable Machine-Doll Special (Dub) (https://animebee.to/m/q4go) Episode 6

KissAnime Deviantart: https://www.deviantart.com/kissanimemx