Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое што се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев и Венко Филипче ја излажаа јавноста дека Македонија ќе добие вакцини од Бугарија и Грција. И Бугарија и Грција почнаа со вакцинација, ама во државата нема ниту една вакцина за корона вирусот. Дополнително и земји кои не се дел од ЕУ, како Албанија и Србија набавија вакцини и почнаа со имунизација на населението.
Македонија остана последна земја во регионот во која не е почната имунизацијата поради неспособноста на Заев и Филипче. Тоа е факт исто како што е факт дека Македонија е 5-та земја во светот по смртност во епидемијата.
Шарените лаги и неспособноста на СДСМ народот ги плаќа со своето здравје и своите животи.