January 21, 2019 23:42
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Црнилата кои ги донесe СДСМ не можат да ги избришат со распродажба на името

Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму сметаат дека народот јасно кажал оти не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува.

„Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери. Државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси“, стои во партиското соопштение.

Од опозициската партија додаваат дека образованието е во хаос, здравството на колена, а земјоделието во очај.

Буквално црнила на секое поле. Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името. Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија. Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека црнилата не смеат да бидат наше секојдневие, а зората мора да изгрее за Македонија.

Related posts

Кабинетот на Иванов преку соопштение ги отфрли наводите за вмешаноста во настаните за „27 април“

Ivona

На премините „Богородица“ и „Табановце“ се чека по половина час за излез од државата

jule kolch

Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември

Filip