June 21, 2021 18:51
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија, Заев ја дозакопува султан партијата

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Зоран Заев

Граѓаните се жалат на две крупни работи, лошото здравство и лошата економија. Филипче е лошото здравство, а Лукаревска лошата економија. Изборот на овие двајца кадри Заев ја дозакопува султан партијата.

Лукаревска донесе 60.000 невработени, и затвори 6.200 фирми, а Филипче над 5200 мртви.

Лукаревска ги штитеше фирмите на Заев, кои се редовно во врвот на листата неплаќачи на ДДВ, а Филипче бркаше провизии.

Велеа ќе правеле метла, а завршија со буниште криминал денес. Најавуваат промена на менталната слика, а таа ментална слика е до Заев. Тој треба да се промени.

Спасовски кој даде пасоши на 214 наркбосови, терористи и разни белосветски криминалци не е и не може да биде ново лице. Тој првин треба да се соочи со одговорност за целиот криминал.

Љупчо Николовски кој наместо криминал брка путер и во сред пандемија отиде за Дубаи и го остави народот не е  иднината.

Не се нови кадри ниту децата на транзиционите моќници. Нина Фити, ќерка на Таки Фити, кој ја смисли приватизацијата и транзицијата.

Лоши политики ќе продолжат и со Мила Царовска која насила турка проект за дигитализација, и Зоран Китанов од Струмица кого Заев го става на функции уште од времето кога беше градоначалник.

СДСМ избра стари кадри, кадри со врски со минатото, кадри кои ја испеаја својата песна и нема што ново да понудат.

AnimeTV anime tv shows on netflix: Dragon Ball Super Episode 131

AnimeFreak animefreak dororo: To Your Eternity Episode 5