October 23, 2020 05:49
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во борбата со короната граѓаните ги остави сами на себе

Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашното гостување на телевизија Алсат-М во емисијата „Патот кон“ уштe еднаш покажа дека знае да излаже, ама не и да сработи нешто.

Наместо соодветна здравствена политика во време на пандемија, Филипче се грижи за шминкање на реалноста.

Наместо соодветни протоколи и обуки за вработените во градинките и училиштата, Филипче ја лаже јавноста дека се е под контрола. Ништо не е под контрола, ниту знае кластери, ниту како се шири короната.

Дека е се под контрола, Филипче го демантираат и бројките на заразени од вкупниот број тестирани кој е повторно околу и над 10 проценти.

Дали е Филипче свесен дека додека тој е министер има најголем број на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна.

Додека луѓе умираат Филипче не ги заборава своите интереси и не заборава да си го прошири својот имот и тоа да го прави со народни пари.