February 21, 2020 03:22
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Факти кои го одбележаа денот

Факти кои го одбележаа денот:
  1. Јавната установа Специјален завод во Демир Капија е руиниран и без хумани услови за живот. СДСМ ветуваше негово реновирање, но од тоа нема ништо.
  2. Министрите за земјоделие од СДСМ се фатени во криминал. На повидок е „Фиком“ во земјоделството, едно исто државно земјоделско земјиште било давано на два корисника.
  3. Градоначалникот на Ресен распишал оглас врз основа на невалиден годишен план за вработување.
  4. Проблемот со прескапиот паркинг ги натера пазарџиите на протест, а Општина Центар и Град Скопје наместо да го решат ги обвинуваат пазарџиите.
  5. Зоран Заев во 2014 година го пцуел името Македонија. Тој погази по се што е  свето за граѓаните на Република Македонија.
  6. Битола е еден од градовите кај што непотизмот на функционерите на СДСМ е пуштен на најјако.
  7. Министерството за образование и наука и градоначалничката Арифи ги излажаа граѓаните за реновирање на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тeтово.