February 2, 2023 02:28
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со што ги оправдуваат платите функционерите на СДС, кога заради нивната неспособност од државата се одлеваат стотици милиони евра годишно

Немаме намера да влегуваме во натпреварот на СДС и да ја прифаќаме играта за посочување кој е поголем паразит.

Паразитирањето го оставаме за нив и тоа е нивен спорт, бидејќи функционерите на СДС се најголеми паразите.

Се што е посочено во нивната реакција е лага и дефокус од скандалите и месечните примања на паразитите од СДС.

Со претседателот Мицкоски ЕЛЕМ бележеше успеси и добивка, со Ковачевски и СДС загуба и се увезува 1/3 од потребите за струја дневно.

Претседателот Мицкоски ја остави ЕЛЕМ со 25 милиони евра депозит. А сега ЕЛЕМ е во минус.

Во време на претседателот Мицкоски производството на струја од страна на ЕЛЕМ беше околу 4.500 гигават часа струја годишно, сега е едвај над 3.000 гигават часови.

Тоа се над 1.500 гигават часа струја која се увезува. По цена на струја од 250 евра за мегават, тоа се над 375 милиони евра. Тоа се пари кои сега се одлеваат, а може наместо во странство да завршуваат во ЕЛЕМ.

Тоа е неспособноста на Ковачевски и енергетскиот тим на СДС.

Со СДС Македонија тоне. Енергетскиот сектор е пред колапс, а функционерите именувани од власта земаат десетици илјади евра плата.

Со што ги оправдуваат платите функционерите на СДС, кога заради нивната неспособност од државата се одлеваат стотици милиони евра годишно.