April 20, 2021 19:24
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро

 По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае.

За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од КОВАКС механизмот…

На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.

А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести…и кој се не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.

Во меѓувреме се погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина.

Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро.

И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи.

Затоа одговорност мора да има!