April 22, 2019 04:35
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Со оваа влада економијата тоне, доказ е и оценката на германските стопанственици

80% од СДИ со кои се фали СДСМ се реинвестирана добивка на веќе постоечките инвеститори во државата, кои ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ нема направено ништо за економијата. Со оваа влада економијата само тоне, доказ за тоа е и оценката на германските стопанственици, според кои економската политика на СДСМ е оценета со нула.

Инвестициите на „Чагатај Кабло“, „ВИК“, „Теламон“ и „Мурат Тичарет“ се инвестиции донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и Стево Пендаровски не направија ништо друго за економијата освен задолжување. За две години државата ја задолжија за над половина милијарда евра. Капитални инвестиции нема, а никој не знае каде отидоа парите за кои не задолжија, а треба да ги враќаат идните генерации.

Заев и Пендаровски допринесоа бројот на луѓето кои живеат во сиромаштија во Македонија да се зголеми за над 100.000. Платата наместо да се зголеми се намали за 1.200 денари.

Заев и Пендаровски се крах за економијата. Гласот за Пендаровски е глас за економски дебакл.

 

Нови вести

Раст на кинеската економија од 6,4 проценти во првиот квартал

Filip

Компанијата Фијат Крајслер повлекува 300.000 возила во Северна Америка

Filip

Ролекс повторно прогласен за најпрестижна компанија во светот

Igor