Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не помагаат во пандемијата, институциите силно се борат против коронавирусот

Ниту една партија во светот за време на пандемија не се однесува толку неодговорно, деструктивно и опасно по здравје, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ.
Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ одмага и  ја поткопува борбата против Ковид 19.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажеа дека немало доволно тестови за коронавирус лажеа дека наводно Министерството за здравство не ги контролирало кластерите низ државата.
Лажеа дека немало никакви протоколи за лечење на пациенти заболени од Ковид 19, па дури и дека нестручни лекари ги третирале пациентите.
И сите овие лаги, конструкции и манипулации,  ВМРО ДПМНЕ ги ширеше додека нивните луѓе ги кршеа мерките за заштита, на чело со Мицкоски кој затвораше кафани, за време на пандемија, а нивниот министер за внатрешни работи во преодната влада, Наќе Чулев со цел да се додвори на граѓаните, велеше дека нема да казнува за неносење заштитни маски.
ВМРО ДПМНЕ никогаш не ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид 19.
За нив, Ковид 19, за жал, е само уште една политичка алатка којашто ја користат по потреба, со цел печалење политички поенти. Во него ВМРО ДПМНЕ препозна сојузник којшто им служи за политичко профитирање.
Денеска ВМРО ДПМНЕ протестира пред Министерството за здравство кое во изминатиот период основната плата на лекарите специјалисти ја зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25% , а на здравствени соработници за 15%. Ги зголемени  капитациите за матичните лекари стоматолози и гинеколози.
Ја реновираше најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години. Го реши најгорливиот проблем на Клиничкиот центар со најголем неред, а денес е со средени влезови и излези од комплексот.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против реконструкции на болнци, против изградба на нов Клинички центар.
ВМРО ДПМНЕ протестира против министерството кое го укина паралелниот увоз на лекови и  ги укина квотите за лекови на рецепт со што лековите се достапни за граѓаните секој ден во месецот.
Очигледна е разликата, додека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на вирусот, Владата и институциите предводени од СДСМ се грижат за јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем.
ВМРО ДПМНЕ наместо да прави шоу со неосновани протести, конечно време е да почне да се однесува одговорно кон граѓаните, наместо пред Министерството за здравство, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да влезат во Собрание и да се донесат законите за финасиска помош за погодените граѓани од кризата кои се борат за егзистенција.

 

4Anime 4anime app: High-Rise Invasion Episode 12

AniWatch anime: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full